Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Откриени 33 мигранти во приколка од камион кај Старо Нагоричане, возачот побегнал

Триесет и тројца мигранти биле откриени од полицијата вчера во приколка на камион во близина на Старо Нагоричане.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, вчера околу 11.15 часот полициски службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане дале знак за запирање на товарно возило „сканија” со велешки регистерски таблички, по што возачот застанал и го напуштил местото на настанот.

– При преглед во приколката биле пронајдени 33 лица мигранти – 25 од Сирија, пет од Конго, две од Ирак и едно од Нигерија, информира МВР кое презема мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Два нови пилоти завршија обука во Шпанија за гаснење пожари, се приклучуваат на ДЗС

C +

Мицкоски: Имаме стабилни резерви, дополнително го намаливме ДДВ за горивата од 18 на 10%

ДЕСК

„Се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%, се заштедуваат отприлика околу 200 илјади евра на ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

C +