7. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Истраги против дилери на марихуана во Тетово и Велес

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца браќа за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

При претрес во домот, на 11 октомври, кај осомничените на возраст од 24 и 22 години биле пронајдени вкупно околу 1,2 килограми наркотична дрога – марихуана и една дигитална вага. За двајцата осомничени јавниот обвинител предложи да биде определена мерка притвор.

За истото кривично дело, Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против едно лице. Кај осомничениот, кој и претходно е осудуван за Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, полицијата во краток период во два наврати пронашла наркотична дрога – марихуана.

Имајќи ги предвид сите околности, надлежниот јавен обвинител му предложи на судијата на претходна постапка од Основниот суд во Велес да определи мерка притвор за осомничениот.

Можеби ќе ве интересира

МЕТЕОРОЛОЗИТЕ НАЈАВУВААТ НОВ ТОПЛОТЕН БРАН: “Здравство” излезе со вонредно соопштение за зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

ДЕСК

Итно процесуирано едно лице за предизвикување меѓуетничка омраза, МВР и ОЈО продолжуваат да постапуваат

ДЕСК

Од 499 пријавени на обука за пожарникари се појавиле 364 – Стојанче Ангелов со детали

ДЕСК