Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен арачиновец за издржување затворска казна

Денеска (11.10.2023) во 09.50 часот во с.Арачиново, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода лице (45) од с.Арачиново. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување на затворска казна.

Лицето било предадено во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Кошничката со кирија достигна 90.000 денари, а власта одбива минимална плата од 600 евра

ДЕСК

ПОЖАР ВО БОЛНИЦАТА „8 СЕПТЕМВРИ“ ВО СКОПЈЕ – Интервенирале пожарникари, нема повредени

ДЕСК

ФАЛСИФИКУВАНА ИТАЛИЈАНСКА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА НА ТАБАНОВЦЕ – Кривична пријава против државјанин на Албанија

ДЕСК