Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Претседателот Пендаровски и делегации од Кабинетот положија цвеќе по повод 11 Октомври – Денот на народното востание

Претседателот Стево Пендаровски, по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, денеска положи свежо цвеќе пред Меморијалниот комплекс „Партизански гробишта“ Бутел во Скопје.

Генералниот секретар на Кабинетот на претседателот, Миле Бошњаковски присуствуваше на чествувањето на Денот на народното востание во Куманово и положи свежо цвеќе пред Спомен – костурницата.

Делегации од Кабинетот на претседателот присуствуваа на чествувањето на Денот на народното востание и во Скопје и Прилеп и положија свежо цвеќе пред споменикот „Ослободители на Скопје“, на платото пред Владата на Република Северна Македонија во Скопје и споменикот на Методија Андонов – Ченто, споменикот на Кузман Јосифовски – Питу и Могилата на непобедените во Прилеп.

Можеби ќе ве интересира

Мециновиќ: Државата од криза во криза не учи, а граѓаните ја плаќаат цената

ДЕСК

Билатерални средби на претседателот Гаши на маргините на 152. Собрание на ИПУ во Истанбул

ДЕСК

Филков се сретна со граѓански организации за реформите во изборното законодавство

ДЕСК