Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Претреси во скопско, пронајдена дрога, оружје, пари…

Денеска (11.10.2023) од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје, по претходно добиена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, извршен е претрес во с. Страчинци кај Т.Ф.(32). При претресот пронајдени и одземени се бела грутчеста материја, бела прашкаста материја, кафеава прашкаста материја, кафеава грутчеста материја, дигитала вага, две рамки од автоматска пушка, една пушка, 399 куршуми, еден пиштол со рамка, една ловна пушка, 13 ловни патрони, еден панцирен елек, мобилни телефони, 26160 евра и 698580 денари. Се преземаат дополнителни мерки за целосно расчистување на случајот.

Исто така, денеска, полициски службеници од ЕНТ при СВР Скопје во содејство со полициски службеници од ЕИП, по претходно добиени оперативни сознанија и издадена наредба од Основен кривичен суд- Скопје извршија претрес во дом на Б. Н. (45) од с. Горно Коњари. При претресот пронајдени се еден ловен карабин, една ловна пушка, еден пиштол со рамка, 87 куршуми и четири ловни патрони. Б.Н. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Ако регионот се обедини, може да понуди реализација на проекти во енергетиката во висина од четири илјади милијарди во следниве 10 години

ДЕСК

СИНОПТИЧАРИТЕ СО ВОНРЕДНО МЕТЕОПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Подгответе се за невреме проследено со дожд, снег и силен ветер

ДЕСК

Прегазено 11 годишно дете – итно пренесено во клиничка болница

ДЕСК