Centar.mk
БИЗНИС

Поскапуваат цигарите

Цигарите, пурите, несогорливите тутунски производи и течноста за електронски цигари поскапуваат од петок, кога стапуваат во сила измените на Законот за акцизите. Собранието ги усвои овие измени минатата недела на 3 октомври.

Цигарите ќе поскапат за 5 денари по кутија, а Владата, според образложението на законските измени, очекува да има зголемување на приходите во буџетот за околу 13 милиони евра годишно.

„По членот 84 се додава нов член 84-а, кој гласи: Член 84-а: Акцизата на цигари од член 78 став (1) од овој закон изнесува 3,253 денари по парче и 9% од малопродажната цена по кутија. Ако комбинираната акциза е пониска од 3,453 денари по парче, се применува минималната акциза во износ од 3,453 денари за таа количина”, наведено е во законските измени.

Дополнително, со усвоените измени, секој 1 јануари до 2030 година, акцизата на цигарите ќе се зголемува за 0,23 денари по парче. Ваква законска одредба имаше и досега, но таа истече годинава.

Можеби ќе ве интересира

На 29 март 2026 започнува летното сметање на времето

ДЕСК

Планот на Трамп за мир со Иран ги урна цените на нафтата, азиските берзи во пораст

C +

УЈП: Заедно со занаетчиите кон подобра бизнис-клима

ДЕСК