Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Ковачевски: Европскиот фронт е за да ги заштитиме интересите на нашите граѓани, државните интереси и да ја обезбедиме европската иднина на земјата

„Здружувањето во европскиот Фронт, не е за партиски пребројувања или групирања, не е за поделба на фотелји, директори или лични амбиции. Европскиот фронт е за да ги заштитиме интересите на нашите граѓани, државните интереси и да ја обезбедиме европската иднина на земјата. Затоа што без европска интеграција ќе следува долгогодишна изолација, стагнација и неизвесност, истакна претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски по повод 11-октомври.

Тој отворено повика на здружување во заедничката битка за европска иднина.

„Да успееме како што успеале нашите предци, заедно. И ќе успееме. Затоа што се работи за најважното, иднината на нашата убава татковина. Северна Македонија ќе биде европска држава. Блокадите ќе бидат поразени. Затоа што никој не сака неизвесност, изолација и економска стагнација“, потенцираше Ковачевски.

Граѓаните сакаат економски напредок, повисоки плати, подобар живот во европска држава. Затоа ќе победиме. СДСМ ќе го даде победничкиот кандидат на претседателските избори наредната 2024 година и СДСМ ќе ја формира иднината европска Влада, заклучи Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Пари за 600 евра минимална плата само со кратење на луксузот на власта

ДЕСК

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК