Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

МВР за началникот што го поддржувал Хамас: Ќе следуваат дисциплинска постапка и соодветни санкции

Министерството за внатрешни работи известува дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди постапува по случајот со полицискиот службеник А. С. и неговите објави на социјалната мрежа „Фејсбук“ во врска со нападите на Хамас врз Израел.

Против него, како што информираат од МВР, ќе биде поведена дисциплинска постапка, односно ќе следуваат соодветни санкции.

„Ставот на МВР и Владата е јасен и прецизен. Силно ги осудуваме нападите на групата Хамас врз Израел и се солидаризираме со израелскиот народ. Апелираме за решенија преку дијалог. На светот му е потребен мир“, се истакнува во официјалното соопштение.

Информацијата следува по објавата на социјалните мрежи од страна на поранешниот министер за внатрешни работи од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Наќе Чулев, каде што јавно прашува дали Пендаровски и Спасовски ќе го премолчат тоа што висок началник во МВР ги поддржува, како што вели, Хамас и нападот во Израел.

Можеби ќе ве интересира

НОВ МОДЕЛ НА СТУДЕНТСКО СТИПЕНДИРАЊЕ: 3.000 СТИПЕНДИИ, ПОВЕЌЕ МОЖНОСТИ И ПОДДРШКА ЗА СТУДЕНТИТЕ

ДЕСК

22 состанок на Поткомитетот за трговија, индустрија, царина и оданочување во рамките на Спогодбата за стабилизација и асоцијација меѓу Европската Унија и Република Северна Македонија

ДЕСК

ПРВО ВИКАЛ И СЕ ОДНЕСУВАЛ АГРЕСИВНО, ПА ГО ОШТЕТИЛ „ФОРДОТ“ – Ноќен инцидент во Охрид

ДЕСК