Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Анкета на „Фокус“: Над 75 отсто од граѓаните со поддршка за „Отворен Балкан“

Дури 76 отсто од испитаниците изразија поддршка за иницијативата „Отворен Балкан“, покажува последната анкета објавена од „Фокус“.

Покрај поддршката за „Отворен Балкан“, испитаниците на анкетата дале силна поддршка и за интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ, каде што над 68 отсто одговориле дека се за членство во ЕУ.

Поддршка има и членството во НАТО, од над 72 отсто од испитаните граѓани на анкетата спроведена преку телефон на 1.200 испитаници од страна на агенцијата „STRATUM R&D“ на почеток од овој месец.

Оваа анкета на „Фокус“ исто така покажува и неутралност на граѓаните кон уставните измени кои се неопходни за земјава да го продолжи патот кон ЕУ. На прашањето „Дали би ги поддржале уставните измени потребни за одблокирање на преговорите со ЕУ“ половина, односно 50% од испитаниците се изјасниле неутрално, 35% ги поддржуваат а 19% се противат.

Можеби ќе ве интересира

Муцунски и Сијарто: Динамична соработка и силна унгарска поддршка за ЕУ-интеграциите

C +

Силен циклон пристигнува утре – локално над 40 литри дожд! Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Поранешниот министер најави тужби: „Ми го валкаат името со измислици и лажни тврдења“

C +
error: Соддржината е заштитена.