Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Анкета на „Фокус“: Груевски попопуларен од Мицкоски, Ковачевски омилен политичар кај граѓаните

Внатрешниот раскол во ВМРО-ДПМНЕ очигледно се одразува по рејтингот на партијата, но и врз рејтингот на претседателот Христијан Мицкоски. Мицкоски има помала доверба од неговиот претходник, Никола Груевски, но и двајцата имаат помал рејтинг од актуелниот премиер и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, покажа последната анкета на „Фокус“.

Според анкетата објавена од „Фокус“, спроведена преку телефонска анкета на 1.200 испитаници од страна на агенцијата „STRATUM R&D“ на почеток од овој месец, на прашањето кој ви е омилен политичар, за Димитар Ковачевски се изјасниле 12.8% од граѓаните и води пред Никола Груевски за кого се изјасниле 11.1% од испитаниците, додека за Христијан Мицкоски се изјасниле 10.5% кој моментално е на третото место.

Внатрешниот судир во опозициската партија исто така влијае и врз нејзиниот рејтинг кај граѓаните. За ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски се изјасниле дека би гласале 10.1% од испитаните граѓаните додека пак за нова партија од ВМРО-ДПМНЕ предводена од Никола Груевски се изјасниле 9.2% од граѓаните.

Од друга страна, за СДСМ предводена од Димитар Ковачевски се изјасниле 15.8% од испитаниците и во вакви околности владејачката партија избива на прво место.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Пари за 600 евра минимална плата само со кратење на луксузот на власта

ДЕСК

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК