25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Анкета на „Фокус“: Граѓаните препознаваат дека антикризните мерки на Владата имаат позитивно влијание

Над 50% од испитаните граѓани сметаат дека антикризните економски мерки на Владата на Димитар Ковачевски даваат позитивен резултат, покажа последната анкета објавена од „Фокус“.

На прашањето „Дали сметате дека политиките на владата за ублажување на кризата предизвикана од војната во Украина, даваат позитивен резултат“, повеќе од 19 отсто се изјасниле дека „даваат значаен резултат“, 31.5% од граѓаните сметаат дека „даваат делумен резултат“, а 23,6% од граѓаните сметаат дека „даваат минимален резултат“. Само 18.4% од граѓаните сметаат дека мерките не даваат никаков резултат.

Анкетата на „Фокус“ спроведена преку телефон на 1.200 испитаници од страна на агенцијата „STRATUM R&D“ на почеток од овој месец, исто така покажува дека економската стабилност е главната тема за граѓаните.

Исто така според резултатите на анкетата може да се види дека внатрешниот раскол во ВМРО-ДПМНЕ очигледно се одразува по рејтингот на партијата, но и врз рејтингот на претседателот Христијан Мицкоски. Мицкоски има помала доверба од неговиот претходник, Никола Груевски, но и двајцата имаат помал рејтинг од актуелниот премиер и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски.