Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

79 санкционирани возачи на територијата на Гостивар, 23 без возачка

Во текот на вчерашниот ден (08.10.2023) во периодот од 17.00 до 21.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на Гостивар, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

При контролата санкционирани се 79 возачи, од кои 23 за возење без возачка дозвола, девет за измината важност на сообраќајната дозвола, четири возачи биле без лекарско уверение при вршење на јавен превоз, седум за непрописно вградени фолии (затемнети стакла)… На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Сиљановска-Давкова – Милатовиќ: Заедничка визија ни е стабилен и просперитетен регион, интегриран во Европската Унија

ДЕСК

УДИРА СИЛЕН ЦИКЛОН: Дожд, снег и засилен ветер низ Македонија – прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Осуденик нападнал друг затвореник со остар предмет во Затвор Прилеп

ДЕСК