Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен криумчар на мигранти на автопатот Гевгелија-Демир Капија

Синоќа околу 20 часот полициски службеници го привеле И.С. (23) од селото Корешница, кој со „рено“ со кавадаречки регистерски таблички превезувал 30 мигранти.

Возачот се обидел да избега од местото на настанот, но бил лишен од слобода од страна на полициските службеници. Известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК и по документирање на случајот, против И.С. ќе биде поднесена кривична пријава.

Можеби ќе ве интересира

Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

C +

Утре променливо облачно и релативно топло

C +

Филипче: Пари за 600 евра минимална плата само со кратење на луксузот на власта

ДЕСК