Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Анкета: Никола Груевски со повисок рејтинг од Христијан Мицкоски

Неделникот „Фокус“ ​​во понеделникот ќе го објави најновото истражување на јавното мислење на повеќе актуелни теми. Во оваа анкета е добиено мислењето на граѓаните во врска со како внатрешен судир во ВМРО-ДПМНЕ влијае на мислењето на граѓаните, кој е нивниот став за економските мерки на Владата, колкава е поддршката за ЕУ и за уставните измени. Поточно фокусот на анкетата беше ставен на политичките односи, односот на граѓаните во однос на рокот за одржување на изборите, но и оценката за мерките и економските политики на Владата. Она што е интересно во ова мерење на јавното мислење, кое го привлекува вниманието на граѓаните и секако и на експертите, е како судирот меѓу Мицкоски и Груевски влијае на оценката на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ. Анкетата покажува дека според перцепцијата на граѓаните во овој момент, големите поделби во ВМРО-ДПМНЕ ја ослабнале оваа партија и како резултат на тоа нејзиниот рејтинг постојано паѓа.

После анкетата на ИРИ, ова е второ истражување кое покажува повисок рејтинг на Никола Груевски во однос на Христијан Мицкоски, но и во однос на Ковачевски. Иако Груевски има мала предност од 0,6%, од аспект на политичка анализа е вредно за одбележување.

Дали ова ќе стане тренд или е само краткорочна рефлексија на незадоволството на граѓаните генерално од сите политичари останува да видиме.

Неделникот „Фокус“ веќе го анализираше конфликтот Мицкоски – Груевски како дел од низата пресметки во ВМРО-ДПМНЕ. Ако се погледне наназад, скоро и да нема ниту еден лидер на ВМРО што не влегол во сериозен судир со своите претходници или наследници.

Можеби ќе ве интересира

Обвинение за трагедијата кај Марино

ДЕСК

Министерот Мисајловски го отвори 25. Меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители

ДЕСК

СДСМ за анкетата: Стара школа на Груевски, нова препишувачка школа на Вучиќ!

ДЕСК