Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Маричиќ од Тетово: Наша цел е да ги задржиме младите и образовани кадри дома

Изјава по средбата во Тетово, Универзитет на Југоисточна Европа
Присутни: ЗПВРСМ Маричиќ, министер за информатичко општество Азир Алиу, проректорката на Универзитетот на Југоисточна Европа Беса Арифи и студенти на ЈУИЕ

На денешната средба реализирана во рамките на кампањата Ние сме Европа заменикот претседател на владата за европски прашања, Бојан Маричиќ заедно со министерот за информатичко општество и администрација, го посетија Универзитетот на Југоисточна Европа каде што се сретнаа со проректорката Беса Арифи и студентите на универзитетот. На средбата се осврнаа на значењето на Еразмус Плус програмата, проектите за мобилност и нивното значење за академски напредок.

„Програмата Еразмус Плус им овозможува на студентите да се образовуваат, стекнуваат знаење и искуство, исто како и студентите од другите земји членки на ЕУ. Еразмус Плус се издигна како една од најпрепознатите програми на Европската Унија за образование, обука, млади и спорт.

Можноста за размена на идеи и добри практики во европски и меѓународни рамки претставува инспирација за бројни генерации на ученици, студенти, образовен кадар како и организации и институции кои се во позиција да ги искористат придобивките што ни се на располагање.“ истакна Маричиќ

Програмата Еразмус Плус значително ги зголемува компетенциите на младите и им создава многу нови можност за нив во формалното и неформалното образование. Мобилноста, знаењето и вештините што им стануваат достапни на младите преку програмите и фондовите на ЕУ им отвораат светла перспектива.

Нашата цел е да ги задржиме нашите образовани кадри и млади луѓе дома, во Северна Македонија, со стекнатото знаење од европските образовни институции. Затоа ги охрабруваме младите да бараат стручна надградба и образование, кои подоцна ќе ги применат и со тоа значително ќе придонесат за средината од која потекнуваат и во која живеат.

На крај Заменик претседателот на владата за европски прашања ги поттикна студентите и младите луѓе да бараат начин како да ги реализираат своите амбиции и да ги остварат своите цели за прогресивна иднина на Северна Македонија во ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК