18.8 C
Скопје
20. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Европски е кога ќе прифатиме младите да бидат предводници со нови, свежи и храбри идеи

„Европски е, кога ги прифаќаме младите да бидат предводници во реализација на нови, свежи и храбри идеи. Младите ја имаат најголемата сила и храброст да ги придвижуваат процесите напред. Напред кон посовремена, позелена, поинклузивна и дигитална иднина“ рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на трибината „Ние сме Европа“ во Тетово.

Тој додаде дека значењето и придобивките од членството во Европската Унија се исклучително важна стратешка цел за нашата земја и е од интерес за сите наши граѓани без исклучок, но, ако мора да се избере за кого ова прашање има немерливо значење, тогаш тоа со сигурност се младите.

„И токму заради младите, мораме да го направиме финалниот исчекор. Повикувам да ја потврдиме нашата мнозинска одлука за нашиот нов голем чекор за членство во Унијата, затоа што младите бараат да го фатиме чекорот со времето и да извлечеме максимум од шансата која пред нас ја создава геополитичкиот момент во кој се наоѓаме“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека младите луѓе се тие кои во најголем број ја препознаат ЕУ како стабилен и посакуван партнер и затоа државата има обврска да им биде партнер во обезбедувањето перспектива и европска иднина.

„И ако некој заради сопствената политичка незрелост е подготвен да ја стави во заложништво иднината на младите, ние не сме тие“ рече Маричиќ.