23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Битиќи кон Максим Димитриевски: Не можам да разберам како еден социјалдемократ во Коридорот 8 гледа оцртување на голема Илирида

„Не можам да разберам како еден социјалдемократ во Коридорот 8 гледа оцртување на голема Илирида. Треба на слушателите да им објасни зошто не зборува за неговите придобивки кои ќе ги добијат граѓаните, било тоа да се Македонци, Турци, Албанци, Власи, Бугари, Срби. Нормално, социјалдемократ, политичар кој претендира да обединува се, како што би рекол тој, нема причина да не сака, да не се бори преку развојот на инфраструктурата, да се создаваат подеднакви можности за на граѓаните кои живеат во Куманово и тие коишто живеат во Охрид“, рече Вицепремиерот за европски прашања Фатмир Битиќи во своето обраќање на Стадион на Канал 77.

Тој нагласи дека лично не гледа никаква причина против просперитет кој носи развој на регионите, за кои никој со децении не водел сметки.

„За мене како социјалдемократ подеднакво ми значи да има подеднакви можности за развој, за пристап до работни места, за достоинствена плата, да има и за тие што живеат во Крива Паланка, и тие што живеат во Тетово. Подеднаква шанса заслужиле и селанецот од кумановски Табановце како и селанецот од општина Мешевита, општина Дебар и затоа барам одговор од г-динот Димитриевски како ќе го оправда оцртувањето на голема Илирида преку неговиот пропуст“, потенцираше Битиќи.