Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведено и второто осомничено лице за предизвикување пожар во Старата скопска чаршија, определен притвор

По преземените мерки и активности, вчера, во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода 18-годишниот Б. А. од село Студеничани, Скопско, кој беше баран по централен распис, извести МВР.

„Тој се сомничи дека на 28.8.2023, околу 4 часот, на улицата Градиште, во Старата чаршија во Скопје, со малолетник од с. Моране, Скопско, предизвикал пожар во угостителски објект. Малолетникот претходно беше лишен од слобода, а во домовите на двајцата беа извршени претреси, при што во домот на малолетникот беа пронајдени предмети што потекнуваат од кривичното дело“, соопшти МВР.

Од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје против двајцата беше поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешки дела против општа сигурност во врска со кривично дело предизвикување општа опасност. Б. А. е изведен пред судија на претходна постапка, кој му определил мерка притвор во времетраење од 30 дена по што бил спроведен во Казнено-поправната установа „Затвор Скопје“ за издржување на мерката притвор.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ВЕНЧАВААТ ПОДОЦНА, СЕ РАЗВЕДУВААТ ПОЧЕСТО: Новите бројки ја откриваат брачната состојба во Македонија

ДЕСК

НЕМИР ВО ПРИЛЕП: Татко пријавил дека неговата ќерка била физички нападната

ДЕСК

Николоски: Набавуваме нови 49 возила и опрема за одржување на хигиената низ општините, најголема поддршка од Владата до сега

ДЕСК