Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Мисија за директен контакт помеѓу Комитетот за примена на стандардите на МОТ и претставници од Министерството за труд и социјална политика

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и претставници од министерството денеска се сретнаа со тим експерти на Меѓународната организација на трудот и експерт за слобода на здружување кои се во неколку дневна посета на земјава со цел реализација на Мисија за директен контакт помеѓу Комитетот за примена на стандардите на Меѓународната конференција на трудот и претставници од Министерството за труд и социјална политика.

Во рамките на мисијата, тимот од Меѓународната организација на трудот и експерт за слобода на здружување во текот на неколкудневната посета, ќе остварат серија на состаноци покрај со Министерството за труд и социјална политика и други институции и организации кои се вклучени во областа на трудот.

Целта на состаноците е согледување на примената на Конвенцијата за правото на организирање и колективно договарање, 1949 г. (бр. 98) од страна на Република С. Македонија во закон и пракса, идентификување на предизвиците и поддршка во примената на препораките на Комитетот за примена на стандардите.

На средбата, министерката Тренчевска ги истакна заложбите на Владата на Република Северна Македонија и Министерството за труд и социјална политика за важноста на социјалниот дијалог во општеството, вклученоста на сите засегнати чинители во носењето на одлуки, слободата на колективното организирање и договарање, почитувањето на правата на работниците и работодавачите и нивно унапредување.

Можеби ќе ве интересира

Ахмети ќе учествува на лидерската средба

ДЕСК

Сиљановска-Давкова прими претставници на Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и на Центарот за еколошка демократија ФЛОРОЗОН

ДЕСК

НОВИ НАЈАВИ НА МЕТЕОРОЛОЗИТЕ: Повторно дожд, снег и пад на температурите – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК