4. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Мицкоски треба да одговори за диловите со Груевски, дали ги прикрива барањата за амнестија, велат од СДСМ

-Христијан Мицкоски треба да одговори за диловите со Груевски, соопшти СДСМ.

„Дали на овој начин Мицкоски ги прикрива барањата за амнестија на негови сопартијци, заради незадоволство токму од него?

За Никола Груевски нема да има амнестија и ќе биде уапсен во истиот моментот кога ќе стапне во земјава.

Но, нема дилема дека Груевски сепак е вистинскиот лидер на ДПМНЕ, и затоа Мицковски е толку нервозен.

Политиката на блокада на Мицковски е само копија на оригиналот и очигледно дека има структури во ДПМНЕ кои не се задоволни од него.“ – се вели во соопштението.