Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Зачуван е престижниот статус на Охридскиот Регион на листата на УНЕСКО, соопшти Владата

Охридскиот Регион, како универзална вредност, останува на листата на светско наследство на УНЕСКО, соопштија денека од Владата на РСМ.

Одлуката е сооштена на 45-тата сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, што се одржува во Ријад, Кралство Саудиска Арабија.

Од Владата велат дека Комитетот ја препознал грижата на Република Северна Македонија за богатото охридско културно наследство и одговорноста кон Охридското Езеро и ги уважил заедничките напори на Република Северна Македонија и Република Албанија за зачувување на престижниот статус на Охридскиот Регион како светско наследство.

На сесијата во Ријад се министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска и министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ ВО ВЕЛЕС – Кај ученичка забележани видливи повреди, известени полицијата и обвинителството

ДЕСК

РЕВИЗИЈАТА ОТКРИ ПРОПУСТИ ВО МИНИСТЕРСТВО – Проблеми со имотот, обврските и јавните набавки

ДЕСК

МАКЕДОНСКИОТ ПАСОШ ОТВОРА 114 ДЕСТИНАЦИИ СО ОЛЕСНЕТ ВЛЕЗ – Но не секаде може да се патува без виза

ДЕСК