Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведено лице од Струмичко, пронајдени 297 штеки разновидни цигари

Вчера, во 1.50 часот, во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода 53-годишниот Д. К. од село Иловица, Струмичко, извести МВР.

„При преглед на патничко возило ‘пежо’, кое го управувал, биле пронајдени и одземени 297 штеки разновидни цигари. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица“, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски и Орбан – ист модел, корупција на сите нивоа!

ДЕСК

Министерот Андоновски го пречека претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, на аеродромот во Скопје

ДЕСК

Платите во Министерството за правда ќе растат за 21%, Филков го потпиша колективниот договор

ДЕСК