Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Поради градежни активности времен прекин на сообраќајот на стариот пат Велес-Градско

Поради асфалтирање на регионалниот пат Р1102 Велес – Градско (стариот пат), сообраќајот ќе биде во прекин на 14.09., 15.09., 16.09. и 18.09. во периодот од 08:00 до 18:00 часот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Граѓаните сакаат подобар живот, плати и светла иднина, а не црни кампањи

C +

Филипче жестоко против црната кампања на власта: Јавен линч и лаги, сега ќе ги гонам!

C +

Предлог-законот за пушењето не е удар по угостителството, туку заштита на здравото работно место, велат од Министерството за здравство

C +