23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Новиот затворен базен до реновираната сала „Партизан“ ќе ја смени лошата слика од изминатите децении

„По повеќе од 20 години, а јас би рекол и повеќе од 40 години, новиот затворен базен, кој се гради до реновираната култна сала Наум Наумовски Борче, позната како Партизан, ќе ја смени лошата слика од изминатаите децении и овој дел ќе добие нов лик“ рече премиерот Димитар Ковачевски при почетокот на работата за изградба на затворениот базен во Карпош.

Тој додаде дека со реновираната сала и со новиот пливачки базен тука се гради вистински спортски комплекс.

„Се работи за училишен базен со големина од 33 на 40 метри и длабочина од 1,4 мери. Затоврен базен, поврзан со топлинска врска со салата. Финансиран е од Владата и Агенцијата за млади и спорт во износ од 760 илјади евра“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека во текот на октомври треба да завршат работите на реновирањето на спортската сала, проект кој чинеше 1,1 милиони евра со што се враќа сјајот и имиџот на салата Партизан од која излегоа голем број спортисти.

„Со ова потврдуваме дека вложуваме во капитални објекти за граѓаните и спортски објекти, кои во овој урбан дел на Скопје ќе овозможи на граѓаните да имаат простор за да се занимваат со спортови“ рече Ковачевски.