Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

203 казни за прекршоци што ги направиле пешаците

Во текот на вчерашниот ден, во периодот од 9 до 14 часот, Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање прекршоци што ги прават пешаците. При контролата санкционирани се 203 прекршоци, од кои 172 за небезбедно преминување улица надвор од пешачки премин.

За време на контролата санкционирани се и 105 други вида прекршоци.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин, а возачите да ги почитуваат своите обврски кон пешаците.

Можеби ќе ве интересира

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч, ПА ДОЖД И ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО – Еве што ја очекува Македонија во следните денови

ДЕСК

Николоски од Охрид: Силна држава не значи само силна извршна власт, значи и силни и независни институции

ДЕСК

ДОМ: Македонија е на европското дно – Владата се фали со бројки, а платите на граѓаните траат до 10-ти!

ДЕСК