Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје

Министерството за внатрешни работи известува дека утре, во периодот од 10.00 до 12.00 часот, поради одржување на протест пред Владата на Република Северна Македонија, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.

Од тие причини, Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници по сообраќајницата каде што ќе се одвива протестот со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот, додаваат од МВР.

Можеби ќе ве интересира

Министерот Андоновски го пречека претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, на аеродромот во Скопје

ДЕСК

Платите во Министерството за правда ќе растат за 21%, Филков го потпиша колективниот договор

ДЕСК

Мојсоска: Новиот државен обвинител испорача сѐ што посака Мицкоски

ДЕСК