Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Двајца повредени тетовци, се превртеле со четирицикл „кавасаки“ на Церипашина

Вчера, во 15.30 часот, во СВР Тетово е пријавено дека во месноста Церипашина на Попова Шапка, четирицикл „кавасаки“, со тетовски регистарски ознаки, управуван од 44-годишниот тетовец А. Х., а на кој се превезувала и 41-годишната тетовка Е. Х., изгубил контрола и се превртел, извести СВР Тетово.

„Во несреќата двајцата добиле повреди и биле пренесени во тетовската Клиничка болница за укажување лекарска помош“, соопшти СВР Тетово.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Синоптичарите излегоа со четиридневна прогноза

ДЕСК

Трагедија во Скопје: Малолетно дете и жена паднаа од балкон од станбена зграда во Тафталиџе

ДЕСК

Над 19.000 сообраќајни прекршоци во февруари регистрирани преку „Безбеден град“

C +