Денеска (10.09.2023) во 08.00 часот на крстосница кај с.Богородица, од страна на полициски службеници од Полициска станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица” забележано е патничко возило “форд мондео” со скопски регистарски ознаки, кое превезувало поголем број на патници. Возилото е сопрено на регионален пат 103, во близина на наплатна станица Смоквица, при што било констатирано дека го управувал П.Р.(40) од Скопје, а 8 лица илегални мигранти од Сирија се пронајдени во непосредна близина, за кои постои основано сомневање дека се растоварени од возилото непосредно пред да биде запрено. Возачот е приведен и во координација со Јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, по документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок, а мигрантите ќе бидат пренесени во прифатно-транзитен центар.
На 09.09.2023 во 11.00 часот на клучка од магистрален пат Прилеп – Битола со регионален пат за с.Витолиште од полициски службеници од Полициска станица Старавина при Регионален центар за гранични работи Југ се лишени од слобода Д.М.(21) и Н.Т.(21), двајцата од Прилеп. При преглед на возилото „фиат комби“ со странски регистарски ознаки, кое го управувал Д.М., била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. За случајот е известен Јавен обвинител, а по негово целосно документирање против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 09.09.2023 полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода А.Б.(64) од Охрид, поради тоа што претходно, во маркет на улицата „Егејска“ во Охрид, тој одзел паричник од едно лице. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 09.09.2023 во 23.50 часот пред казино во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода О.С.(44) од Тетово, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 09.09.2023 во 13.40 часот во Скопје на подрачјето на Аеродром, полициски службеници го лишиле од слобода М.П.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Ноќва (10.09.2023) во 02.40 часот во Скопје, во угостителски објект на подрачје на Карпош, полициски службеници го лишиле од слобода Б.А.(29) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 09.09.2023 во 16.25 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода С.К.(26) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 09.09.2023 во 11.40 часот на граничен премин „Табановце“ од полициски службеници е приведен Д.K.(21) од Р.Албанија, затоа што при пасошка контрола на увид приложил албанска патна исправа на друго лице. Лицето е предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка, а од судија на Основен суд Куманово му е изречена мерка „протерување на странец од земјата“ во траење од 2 години.