Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Две тешки сообраајки на територијата на Македонија, има опвредени

На 09.09.2022 во 17.15 часот во Полициска станица Гевгелија е пријавено дека на локалниот пат 1108, с.Ново Конско – Старо Конско, патничко моторно возило „мерцедес“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Ц.Ч.(37) од Гевгелија, изгубило контрола и се превртело на коловозот. По несреќата возачот Ц.Ч. е пренесен во Јавна здравствена установа Гевгелија каде му се констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршила екипа од Полициска станица Гевгелија.

На 09.09.2023 околу 21.10 часот на регионалниот пат 1102, клучка „Прдејци“– клучка „Смоквица“, во близина на бензинска станица, патничко моторно возило „митцубиши“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од П.Т.(51) од с.Богородица, изгубило контрола и излетало од коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Јавна здравствена установа Гевгелија. Увид извршила увидна екипа од Полициска станица Гевгелија.

Можеби ќе ве интересира

НОВИ КАЗНИ ПРЕКУ „БЕЗБЕДЕН ГРАД“ – Камерите ќе откриваат и непрописно паркирање

ДЕСК

СУДОТ ПРЕСЕЧЕ ЗА НАСИЛСТВОТО ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – Четири малолетнички упатени во воспитно-поправен дом

ДЕСК

НЕ ПЛАЌАЈТЕ КАЗНИ ПРЕКУ СОМНИТЕЛНИ ЛИНКОВИ – МВР предупреди на измами со „Безбеден град“

ДЕСК