Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ЗАЛУТАН КУРШУМ ЗАВРШИЛ НА ТЕРАСА ВО СКОПСКО – Жител слушнал звук од покривот

Залутано зрно од огнено оружје било пронајдено на тераса од семејна куќа во скопското село Побожје, во општина Чучер Сандево. Необичниот случај бил пријавен во полицијата откако жител на селото слушнал звук што доаѓал од покривот на неговиот дом.

Според информациите од СВР Скопје, настанот бил пријавен на 1 ноември 2026 година, во 16:50 часот. Откако го слушнал звукот, жителот проверил што се случува и на терасата забележал зрно од огнено оружје, по што случајот го пријавил во полиција.

На местото на настанот излегла екипа од СВР Скопје, која извршила увид, а пронајденото зрно било подигнато за понатамошна постапка. Во полициското известување не се наведува од каде потекнува зрното, ниту под кои околности завршило на терасата од куќата.

Можеби ќе ве интересира

Како 11.000 пензионери ќе стигнат до пензиите — со затворени експозитури и картички што не работат?, праша Филипче

ДЕСК

СЕРИЈА ПРИЈАВЕНИ НАПАДИ И СЕМЕЈНИ ИНЦИДЕНТИ – Малолетници меѓу жртвите, полицијата расчистува повеќе случаи

ДЕСК

ПРИВЕДУВАЊЕ ВО ВЕЛЕС ПО НЕОБИЧНО ОТКРИТИЕ – Во кругот на затворот пронајдени 193 таблети

ДЕСК