Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Татко и син во Прилеп загинаа во пожар во семејната куќа

Двајца прилепчани, татко и син синоќа загинаа во пожар што избувнал во нивниот семеен дом на улицата „Цане Илиоски број 87а“ во Прилеп. Пожарот во надлежните служби бил синоќа пријавен околу 21,45 часот.

Едниот прилепчанец бил затекнат во дневната просторија и целосно изгорен, а другиот во претсобјето и се задушил.

Пожарот е изгаснат и е спречено да се прошири на другиот кат и на соседните куќи.

Увид на местото на пожарот направиле полицијата и основен јавен обвинител, а се врши истрага за да се откријат причините за пожарот и трагедијата.

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМА КРАЖБА ВО СКОПСКО – Провалено во магацин на фирма, однесени кутии со расклопени мотоцикли

ДЕСК

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО ДЕМИРХИСАРСКО – Два пиштола одземени од домот на 25-годишник

ДЕСК

СЕРИЈА КРАЖБИ ВО ВЕЛЕС – 25-годишник осомничен дека украл алати од работилница и предмети од куќа

ДЕСК