Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Скопјанец смртно настрада откако бил удрен од сопственото возило

Скопјанец починал откако неговото возило кое било запрено, се придвижило и удрило во него.

Вчера во 11.00 часот било пријавено дека во с.Патишка Река, скопско, запрено патничко возило „нисан терано“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Р.Ј.(63) од истото село, кој бил покрај возилото, се придвижило и удрило во него.

На местото на несреќата починал Р.Ј., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, соопшти полицијата.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

НОВА ПРОГНОЗА ЗА ВИКЕНДОТ – УХМР најавува дожд на запад, ветер над 60 км/ч и температури до 22 степени

ДЕСК

СИН ЈА ЗАПАЛИЛ КОЛАТА НА МАЈКА СИ ВО СКОПЈЕ – Потоа се заканил дека ќе го запали и станот

ДЕСК

МВР СО СЕРИОЗНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО РОДИТЕЛИТЕ – Опасна интернет-група ги таргетира децата преку игри и социјални мрежи

ДЕСК