Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведени крадци во Гостиварско, извршиле дваесетина тешки кражби

Вчера, околу 10.15 часот, во гостиварски Добридол, полициски службеници на СВР Тетово – Полициско одделение Галате ги лишиле од слобода 18-годишниот Ј. М. и 23-годишниот А. Д., двајцата од ова село, извести МВР.

„Тие се осомничени дека минатата и оваа година извршиле дваесетина тешки кражби во регионот на Врапчиште и во Тетовско, при што од куќи и други објекти одзеле пари, предмети, добиток…“, велат од МВР

Тие се осомничени и за кражбата извршена на 4.9.2023, при што од штала, сопственост на 49-годишниот А. А. од гостиварски Градец, одзеле 48 овци, се додава во соопштението на МВР.

Дел од одземените овци бил пронајдени и вратен на сопственикот. Против нив ќе биде поднесена соодветна пројава и денеска ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка на Основниот суд Гостивар.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски призна, со ВМРО-ОК Македонија нема да стане членка на ЕУ – предадени се националните интереси

ДЕСК

Снег врне на овие патни правци, внимателно возете вечерва – Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

Циклон носи дожд и пад на температурите: Среда и четврток најкритични – детална прогноза за следните четири дена

ДЕСК