Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Примал пари на трансакциска сметка заработени преку интернет, не платил данок – Полицијата му затропа на врата

СВР Тетово поднесе кривична пријава против лице од село Брвеница, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“. Во текот на 2020 година, пријавениот во својство на физичко лице во повеќе наврати реализирал интернет услуги на повеќе лица и остварил финансиски приливи преку услугата брз трансфер на пари преку неговите трансакциски сметки во повеќе банки во државата во вкупен износ од 3.227.053 денари.

За наведените парични средства, пријавениот не поднел задолжителна годишна даночна пријава во Управата за јавни приходи и не ја подмирил даночната обврска од 10% на наведената сума предвидена во Законот за персонален данок на доход, со што одбегнал да плати данок за 2020 година во вкупен износ од 322.705 денари.

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – Дождови и магла од петок, во недела се очекуваат пообилни врнежи

ДЕСК

МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА СОРАБОТКАТА СО СРБИЈА ДА ПРОДОЛЖИ – Опозицијата бара одговори за можни врски

ДЕСК

СДСМ: Како да има Мицкоски добри односи со студентите од Србија, кога Вучиќ им праќаше силеџии да им ги кршат главите, а тој со него пиеше вино?

ДЕСК