Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Нов скандал со брзи кредити ја тресе Македонија: Дигнале кредит на туѓо име, овој пат полицијата поднесе пријава и против финансиското друштво

СВР Велес поднесе кривична пријава против лице (26), лице(49), двајцата од Струмица и против правно лице – финансиско друштво од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.

Првопријавената ги злоупотребила личните податоци на оштетеното лице во пријавеното правно лице за добивање на брз кредит во износ од 90.000 денари, кој ѝ бил одобрен од второпријавениот, одговорно лице во правното лице.

На 06.02.2023, сопругата на оштетениот го пријавила делото, поради тоа што тој во тој момент не бил во државата.

Можеби ќе ве интересира

Смени и освежување во ВМРО ДПМНЕ: Избрани 30 нови претседатели на општински комитети, познати се имињата

ДЕСК

Нова ера за македонското здравство: Три клинички болници и здравствен комплекс вреден 1,5 милијарди евра

ДЕСК

Покачување на 50 отсто на пензиите ако дојде СДСМ на власт – најави Тренчевска

ДЕСК