24.8 C
Скопје
15. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
МАКЕДОНИЈА

19 пожари за 24 часа во Македонија

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до утрово имало 19 пожари на отворено и сите се изгаснати од страна на територијалните противпожарни единици, во државата.

Регионалниот ЦУК Скопје, ја пренесува информацијата од БППЗ на Град Скопје, дека во текот на изминатото деноноќие имале две (2) противпожарни интервенции на отворено: од 15:10 до 16:10 часот, со 5 пожарникари и 2 ПП возила гаснеле запаленa ниска вегетација на површина од 5 ха во атарот на с.Моране, Општина Студеничани; од 20:20 до 21:55 часот, 3 пожарникари со 1 ПП возило гаснеле запалено стрниште на површина од 3 хектари во атарот на с.Брњарци, Општина Гази Баба.

Регионалниот ЦУК Битола, известува дека на територијата којашто ја покраива имало два (2) пожара од 07:00 часот, и во текот на целиот ден, ТППЕ Демир Хисар, со 1 пожарникар и 1 ПП возило, како и 3 вработени во ЈКП „Комуналец“ – Демир Хисар со градежна машина, интервенирале поради запален отпад на градската депонија во Демир Хисар.

Регионалниот ЦУК – Штип, известува дека ТППЕ Штип, интервенирале два (2) пати: од 19:45 до 21:40 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило, гаснеле запалено стрниште помеѓу селата Долни Балван и Крупиште. Пожарот за кратко се реактивирал, по што на интервенција заминале со 6 пожарникари и 2 ПП возила кои го изгаснале во 01:15 часот. Опожарена е поголема површина на ниска вегетација, стрниште и нива насадена со пченка.

Регионалниот ЦУК – Куманово, известува дека ТППЕ Куманово, во текот на изминатото деноноќие имала седум (7) интервенции поради запалени стрништа и ниска вегетација и тоа: Од 12:25 до 13:35 часот, во атарот на с.Речица; од 13:30 до 14:15 часот, кај месноста „Менкова Колиба“; од 16:45 до 20:50 часот, во с.Никуштак; од 18:20 до 22:40 часот, кај м.в. „Пирочански Лозја“; од 18:35 до 21:50 часот, до Спомен Костурница; од 20:50 до 00:40 часот кај селата Слупчане и Опае и од 06:40 часот до 08.30 часот, во с.Ваксинце. Во сите случаи интервенирале со по 3 пожарникари и по 1 ПП возило.
Инаку, ТППЕ Старо Нагоричане, со 2 пожарникара и 1 ПП возило, од 19:40 до 22:40 часот, гаснеле опожарена куќа во с.Руѓинце, село од разбиен тип населби.

Регионалниот ЦУК – Тетово, известува дека ТППЕ Тетово во текот на изминатото деноноќие на територијата што ја покрива имало пет (6) противпожарни интервенции: од 09:15 до 10:45 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалена ниска вегетација во с.Палчиште; од 11:17 до 11:50 часот, со 2 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалена ниска вегетација до комплексот „Арабати Баба Теќе“; од 12:45 до 13:05 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило интерверале поради пожар во стан на ул.Иво Лола Рибар; Од 16:11 до 17:00 часот, со 2 пожарникари и 1 ПП возило, гаснеле запалена меѓа помеѓу селата Фалише и Стримница; од 19:30 до 21:00 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалени грмушки и ниска вегетација кај с.Горно Палчиште.

ТППЕ Гостивар, од 11:30 до 12:30 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалена ниска вегетација помеѓу селата Чајле и Форино.

Инаку, пожарникарите на целата територија на државата, паралелно со интервенциите на пожари на отворено, имале и повеќе интервенции на објекти во населени и урбани места.