Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Македонски државјанин е во Волос и е на безбедно, граѓаните да ги избегнуваат загрозените подрачја во Грција, апелира МНР

Министерството за надворешни работи изразува сочувство до семејствата на жртвите од големото невреме што ја зафатија Грција.

Информираат дека дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во Грција се во постојана комуникација со надлежните институции, со цел давање асистенција на нашите граѓани, кои се наоѓаат во загрозените подрачја.

„Според информациите од Амбасадата во Атина, заклучно со 6 септември, еден наш државјанин се наоѓа во градот Волос, на безбедно место, во локален хотел.

Апелираме сите наши државјани да ги избегнуваат загрозените подрачја и да останат на сигурно сè до евентуална евакуација.

На располагање се СОС-телефонот на МНР 075/273- 732 и дежурните телефони на Амбасадата во Атина +306944743071 и Генералниот конзулат во Солун + 30 6987200410“, се истакнува во соопштението од МНР.

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИЦИЈАТА НЕ ПРОСТУВА: Девет возачи завршија во станица по опасно возење

ДЕСК

Се апси на повеќе локации низ Македонија, и тоа во Скопје, Прилеп, Струга, Неготино, Табановце… – осум лица завршија со лисици на рацете

ДЕСК

Груевски добил унгарско државјанство, објави „ВиСквер“

C +