Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Средба на претседателот Пендаровски со претставници на иницијативата „Подобро за Тетово“

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на иницијативата „Подобро за Тетово“.

На средбата претставниците на иницијативата пред претседателот Пендаровски ги претставија своите тековни активности.

За среќа и радост во вашиот дом, заследете го следниот канал на YouTube со клик тука!

▶ ЗАСЛЕДЕТЕ ГО TAMNI TALAS

Уживајте во музика исполнета со емоции, љубов и убави моменти.

Претставниците на иницијативата ги истакнаа своите барања за побрзо институционално разрешување на случаите со автобуската несреќа кај Ласкарци во 2019, случајот со пожарот во модуларната болница во Тетово и автобуската несреќа во Бугарија во 2021 година и последните случувања на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија.

На средбата претседателот Пендаровски ја нагласи важноста на почитување на приципот на владеење на правото, во насока на изградба на функционална правна држава. Претседателот Пендаровски упати апел до надлежните институции за целосно, брзо и ефикасно расчистување на сите случаи и неселективна и праведна казна за одговорните.

Можеби ќе ве интересира

НЕ ГИ ПОЧИТУВАЛ СУДСКИТЕ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА НА СОПРУГАТА – Приведен 56-годишник во Кичево

ДЕСК

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО ОХРИД – Приведен 26-годишник со бела прашкаста материја

ДЕСК

ГИ НАПАДНАЛ МАЛОЛЕТНИТЕ ДЕЦА И ЧЛЕНОВИ НА СЕМЕЈСТВОТО – Приведен 40-годишник во Кочани

ДЕСК