Вчера, во 10.55 часот, во СВР Тетово е пријавено дека на улицата Благоја Тоска во Тетово, патничко моторно возило „фолксваген голф“, со тетовски регистарски ознаки, што го управувал 65-годишниот Р. А. од тетовско Ѓермо, удрило во 82-годишниот пешак М. А. од Тетово, извести СВР Тетово.
„Од ударот пешакот добил тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница“, додаваат од СВР Тетово.
За среќа и радост во вашиот дом, заследете го следниот канал на YouTube со клик тука!
▶ ЗАСЛЕДЕТЕ ГО TAMNI TALASУживајте во музика исполнета со емоции, љубов и убави моменти.
Увид извршила екипа од СВР Тетово.


