Centar.mk
ЛОКАЛНОвест

Градоначалникот Таравари го посети средното техничко училиште во Гостивар, свечено ја отвори новата работилница

Градоначалникот на општина Гостивар Арбен Таравари заедно со министерката за екологија Кања Шукова учествуваа на свеченото отворање на работилницата „Прогрес“ во средното техничко училиште во Гостивар.

Оваа работилница, прва од ваков вид на ниво на нашата држава, ќе служи за поправка на разни апарати и опрема за домаќинство и за практична работа на учениците од ова училиште.

Покрај поправка и практична работа, оваа мултифункционална работилница има за цел да ги поттикне граѓаните да ја поправаат старата опрема наместо да ја фрлаат, што ќе придонесе за намалување на отпадот во нашата општина. Ова исто така ќе послужи за развој и одржување на кохезијата на локално ниво.

Потсетуваме дека општина Гостивар континуирано инвестираше во образованието, особено во средното техничко училиште бидејќи инвестициите во образованието се инвестиции во иднината.

Можеби ќе ве интересира

Јавен повик за Итно копче, брза и иновативна помош за повозрасните жители на Центар

C +

ИЗМИНАТАТА СЕДМИЦА САНКЦИОНИРАНИ 117 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА НА ТЕРИТОРИЈА НА ОПШТИНА ЦЕНТАР

C +

Герасимовски: Го чуваме редот и јавниот простор во Центар, 86 казни за непрописно паркирање за три дена

C +