Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: За скандалот со Онкологија треба да има и кривична, но и политичка одговорност

Шокантно е тоа што се случува во здравството. Се сеќавате на оние билборди за европско здравство, а од друга страна гледате мафија во здравството.

Мицкоски истакна дека сите оние кои се дел од ваквата здравствена мафија за неколку месеци од сега ќе бидат изведени пред лицето на правдата и во соодветна постапка ќе одговараат.

За месеци од денеска, сите овие луѓе што се дел од оваа здравствена мафија, која што профитирала на грбот на пациентите кои што го губеле својот живот, ќе бидат изведени пред лицето на правдата и нормално соодветно на доказите ќе бидат санкционирани, рече Мицкоски.

Мицкоски истакна дека покрај кривичната одговорност, треба да се бара и политичка одговорност за тие кои знаеле за ваквите состојби, а ништо не преземале во месеци и години.

Но тука се поставува и политичката одговорност. Ако некој пред две години предупредувал, вие медиумите пред 6 месеци, зошто на некој му требаше 6 месеци да чека за да отпочне предистрага? Прашањето е колку човечки животи во меѓувреме се загубени? – праша Мицкоски, се наведува во партиското сооптштение.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +