14.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Малолетничка падна од тротинет на Илинденска, со тешки повреди итно пренесена во болница

На 01.09.2023 во 23.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Илинден“ во Скопје, малолетничка од Скопје, управувајќи електричен тротинет, изгубила контрола и паднала на коловозот.

Малолетничката била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Увид бил извршен.