23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

„Заболени се 9, а не 10.000 свињи“ – Агенцијата за храна контра Трипуновски

Агенцијата за храна и ветеринарство најостро ги демантира наводите на Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.

Од Агенцијата велат дека Трипуновски во видеоизјава неаргументирано лицитира со бројки тврдејќи дека на фарма во карбинско Тарици од свинска чума се заболени 10 илјади свињи.

„Како одговорна институција одговорно тврдиме дека станува збор за изолиран случај на 9 заболени животни во една одгледувачница кај кои е потврдено присуство на вирусот на болеста африканска свинска чума.

АХВ навреме презема мерки за спречување на ширење и ставање под контрола на болеста во согласност со законските и подзанонските акти и препораките на еминентни светски ветеринарни организации. Впрочем, потврдувањето на жариштето на болеста на фарма во селото Таринци утврдено е во рамките на пасивниот надзор на болеста африканска чума кај свињите што го спроведува Агенцијата за храна и ветеринарство. АХВ уште од првиот ден е во интензивни контакти со сите релевантни институции и со локалната самоуправа, која има законска обврска да обезбеди локација за јама, најблиску можна до жариштето, во која ќе бидат закопани евтаназираните животни.

Сега е време за акција, а не за политикантство и затоа како институција најодговорно ги демантираме ваквите изјави со кои само се замајува јавноста за печалење ситни политички поени“, се вели во реакцијата на АХВ.