2. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Шаќири: Среќна и успешна учебна година, заедно да градиме квалитетни ученички генерации

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири на основците и средношколците им посака успешна училишна година, во која ќе стекнат многу нови знаења и вештини но и ќе одвојат време за спорт, рекреација и воннаставни активности.

„Секоја нова учебна година е почеток на откривање на нови и возбудливи нешта. Со љубопитството читајте, учете и слушајте ги наставниците. Откривајте ги научните факти, размислувајте и бидете креативни. Вашите наставници се тука да ви помогнат во ова неповторливо патување. Ви посакуваме се најдобро за успешна и исполнета учебна година“, рече министерот Шаќири.

Министерството е посветено да обезбеди квалитетно образование и ќе продолжи да работи на обезбедување училишта кои се безбедни, инклузивни и толерантни, каде секој ученик може да напредува и да ги постигне максималните потенцијали. А најдобри резултати се постигнуваат кога сите заедно, како поединци и општество, сме единствени кон најдобрите интереси на децата.