Centar.mk
БИЗНИСвест

Позначајни движења кај останатите финансиски институции (ОФИ): втор квартал на 2023 година

Во вториот квартал на 2023 година, вкупните средства на останатите финансиски институции (ОФИ), изнесуваат 196.853 милиони денари и се зголемени за 8.967 милиони денари, на квартално ниво. Анализата на учеството на потсекторите на ОФИ во вкупните средства на ОФИ покажува дека пензиските фондови имаат најголем удел од 65,4%, а по нив следуваат осигурителните друштва со учество од 17,3%.

Најголем дел од средствата на ОФИ се вложувања во должнички и сопственички хартии од вредност (учество од 51,2% и 24,9%, соодветно), а на страната на обврските, најголем дел се однесува на технички резерви на осигурување и капитални сметки (учество од 56,6% и 33,7%, соодветно).

Можеби ќе ве интересира

Во целост исплатена Еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра

ДЕСК

Народната банка објавува повик за пријавување трудови за 58. сесија на Клубот на истражувачите

ДЕСК

Ако сирењето лаже, што уште има на рафтовите: Потрошувачите бараат вистина

ДЕСК