17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Членство во ЕУ носи бројни придобивки за македонската економија, ДПМНЕ тоа сака да го блокира

Соопштение на СДСМ:

Членството во Европската унија носи со себе многу значајни придобивки за македонската економија, отвора големи можности за развој и напредок.

Со приемот во ЕУ на Македонија и се отвора пазар од преку 500 милиони потенцијални потрошувачи, каде што македонските компании ќе може да ги понудат и пласираат своите производи и услуги.

Процесот на приклучување кон ЕУ значи хармонизација на законодавството со европските норми и стандарди, што креира подобри услови за бизнис и инвестиции, европеизирање на македонскиот бизнис модел.

Тоа ги отвора трговските перспективи со потенцијал за раст на БДП, кој, според досегашните искуства, кај државите од ЕУ, во првите пет години по членството растел со стапки од 80 до 90 отсто.

Тука е и пристапот до европските фондови, најмалку 10 милијарди евра за земјоделството, енергетиката, малите и средните претпријатија, инфраструктурата, образованието.

Пристапувањето кон ЕУ значи и шанса за голем скок на платите и раст животниот стандард на граѓаните, со оглед на фактот што, во првите пет години по зачленувањето во ЕУ, растот на платите во земјите членки на ЕУ изнесувал од над 50 отсто, па се до 100 отсто.

Ова се дел од придобивките, кои се отвораат со членството во ЕУ за државата и за граѓаните.

ДПМНЕ сака тоа да го блокира.

Со противење на уставните измени, а со тоа запирање на европскиот пат и неотворање на преговарачките поглавја, ДПМНЕ работи против интересите на државата и на граѓаните, од кои над 80 отсто се за членство во унијата.

Блокадите на ДПМНЕ мораат да бидат поразени.