Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Честитка од Спасовски по повод Успение на Пресвета Богородица

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски упати честитка по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, со желби за добро здравје, мир и благосостојба.

– Овој празник на Божјата Мајка говори за нејзината чистота, сила и верба во Спасението Господово, бидејќи таа, завршувајќи го земниот живот на ваков најсвет начин, била преземена со душа и тело во небесна слава.

Таа е вечно жива, бидејќи ни го донела Христа, а преку него и бескрајното спасение на човековиот род. Нека добрите дела, љубовта и радоста бидат дел од нашето секојдневие.

Да напредуваме сите заедно, да се радуваме на просперитетот на државата, заедно да го изодиме патот кон иднината, онаму каде што припаѓаме, во европското семејство.

Ви посакувам празникот да го поминете во добро здравје и радост, меѓу најблиските. Нека е за многу години!, се вели во честитката.

Можеби ќе ве интересира

Маж од Кичево возел иако имал забрана за управување возило и удрил во малолетник, лишен е од слобода, возилото е одземено

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА “УПАДНА” ВО НОЌНИ КЛУБОВИ ВО ОХРИД И СКОПЈЕ: Полицајците тресеа познати локали – констатирано дека клубови точеле алкохол, а обложувалница примало малолетници

ДЕСК

Лишени од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило, од нив шестмина возеле без возачка дозвола

ДЕСК