Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пожарот во скопски Илинден се уште активен, ама нема потреба од воздушно гасење

Пожарот кај Ајватовци се уште е активен на еден крак, односно под репетиторите, додека останатите делови се изгаснати, информира директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.

– Екипи на скопската БППЗ работат на гаснење на активниот крак и обиколка и проверка на изгаснатите делови од пожарот. Пожарот се гаснеше непрекинато во текот на целата ноќ од страна на скопските пожарникари и доброволци од локалното население предводени од градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски, истакна Ангелов.

Додаде дека се очекува да биде целосно изгаснат во следните неколку часа и дека засега нема потреба од интервенција на воздухоплови.

– Голема благодарност до храбрите скопски пожарникари, храбрите доброволци од локалното население кои дадоа голем придонес во гаснењето на овој голем пожар, како и благодарност до храбрите пилоти на полициските хеликоптери и Ер тракторот на ДЗС, вели Ангелов.

Можеби ќе ве интересира

Маж падна од куќа во Пробиштип

ДЕСК

19 годишен скопјанец претепан од лице кое работело обезбедување во ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје

ДЕСК

Тешка сообраќајка: Голф со скопски таблички удри во бетонски столб, неколку повредени

ДЕСК