Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Ескобар: Не избираме влади, но поставуваме очекувања

„Нема никого да подложувам на тортура. Јасно посочувам дека САД не избира влади за земјите на НАТО, но поставуваме очекувања. САД ги гледа како природни партнери оние кои се посветени на европската интеграција, на НАТО и на борбата против корупцијата“ рече заменик-помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар одговарајќи на прашање за што ќе разговара со лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски.

Ескобар додаде дека со Мицкоски ќе има отворен разговор и сака да ги слушне неговите ставови.

„Се надевам дека ќе имаме повеќе да кажеме на јавноста по нашиот состанок“ рече Ескобар.

Заменик-помошникот државен секретар на САД рече дека му е мило што започнал процесот за уставните измени, бидејќи САД сака да ја види Северна Макредонија како дел од ЕУ и изрази надеж дека процесот ќе продолжи и успешно ќе заврши.

Можеби ќе ве интересира

Спасовски: Недозволиво е Законот за Влада да се носи спротивно на договорот меѓу партиите

ДЕСК

ИЗМАМА ВО ПРИЛЕП: Осуденик пријавил дека бил оштетен за 890.000 денари

ДЕСК

ТЕПАЧКА ВО КАРПОШ: Нарушен јавен ред и мир

ДЕСК