Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Ескобар: Мило ни е што започна процесот на уставни измени, сакаме да ве видиме во ЕУ

„Навистина ни беше многу мило што започна процесот затоа што сакаме да ве видиме во ЕУ, вие сте дел и член на евроатланската заедница така што сакаме да имате блиску учество во сите тие структури, мило ми е што започна процесот и се надевам дека ќе продолжи“ рече заменик-помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар.

Тој додаде дека САД истакна дека тие не поставуваат влади, но дека поставуваат очекувања.

„САД ги гледа како природни партнери оние кои се посветени на европската интеграција, на НАТО и на борбата против корупцијата“ рече Ескобар.

Заменик-помошникот државен сректар на САД додаде дека со лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски ќе има отворен разговор и сака да ги слушне неговите ставови.

„Се надевам дека ќе имаме повеќе да кажеме на јавноста по нашиот состанок“ рече Ескобар.

Можеби ќе ве интересира

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +

Филипче: Мицкоски лаже, македонскиот јазик е признаен во ЕУ

C +